Маричиќ: Сега мора да има национален консензус – Сите пратеници да се вклучат во процесот
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска е во Стразбур каде се одржува состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ, првпат откако ги “отворивме” преговорите со Европската Унија.
-Во обраќањето нагласив дека Парламентот ќе биде клучен партнер во пристапувањето во Европската Унија од кого ќе зависи динамиката на текот на преговорите, особено од улогата и активноста на неговите тела – Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, информира Маричиќ.
Вицепремиерот додал дека 17 години Македонија го чекаше почетокот на преговорите со Унијата.
-Сега мора да се има национален консензус и ќе дефинираме механизам за да се вклучат сите пратеници во процесот. Овој историски момент за исполнување на стратешката цел-Македонија да биде членка на ЕУ треба да го искористиме, порачал Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ од Црна Гора: Време е за…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…
Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…