Објавено на:

Нагло се зголемила продажбата на антидепресиви во Русија откако Путин објави мобилизација

t

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се зголемила откако претседателот Владимир Путин на 21 септември објави делумна мобилизација на 300.000 резервисти за фронтот во Украина, јави државната агенција ТАСС.

Во неделата од 19 до 25 септември, продажбата се зголемила за 2,2 пати во споредба со истата недела минатата година, покажуваат податоците на руската маркетинг-компанија DSM Group.

Претседателката на Алијансата на фармацевтските здруженија на Русија, Викторија Пресњакова, за ТАСС изјави дека од почетокот на воените дејствија на 24 февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години.

Според неа, тоа се должи на „геополитичката и економската ситуација”.

Пресњакова вели дека има многу пациенти на кои по првпат им биле препишани такви лекови. Меѓутоа, за да се смират, луѓето купуваат и лекови без рецепт. Во руските аптеки слободно се издаваат многу лекови за кои во други земји е потребен рецепт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…