Објавено на:

МО на Русија: Војската го ослободи градот Заицево, над 280 украински војници загинаа во областа Давидов Брод и Нова Каменка

t

За време на офанзивата, руската војска го ослободила градот Заицево во ДНР, а во таа прилика загинале над 120 украински војници, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Станува збор за војници и офицери на 58-та пешадиска и 128-та планинска нападна бригада на вооружените сили на Украина. Уништени се и три пешадиски борбени возила. Како што е прецизирано, противникот бил одбиен од линијата на одбраната во сите правци.

Во правец на Купјанск три украински баталјонски тактички групи се обиделе да извршат офанзива, но нападите биле одбиени и во таа прилика биле ликвидирани над 120 војници и пет тенкови.

Во текот на изминатиот ден, до 25 украински милитанти беа убиени во напад на украински диверзантско-извидувачки групи во правец на Красни Лиман.

Во областа Нови Комар во ДНР, руската авијација уништи до 60 војници на украинската 56-та моторизирана бригада и два тенкови.

Руските воздушни сили уништија три непријателски понтонски мостови преку реката Ингулет во регионите Николаев и Керсон.

Над 280 украински војници загинаа во напад на руската авијација во областа Давидов Брод и Нова Каменка во Херсонската област и Мураховка во Николаевската област.

Во текот на денот руската армија собори два украински борбени авиони МиГ-29 и Су-24, како и девет беспилотни летала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…

Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…

Фон дер Лајен најави помош од речиси…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Малолетник се здобил со тешки повреди откако…

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…