Апасиев и Мојсоска го подбраа Османи: МНР брани фашистичка идеологија, балистот Бугар Османи го брани идеолошкиот близнак Борис

t

Јована Мојсоска од Левица на Фејсбук ја коментира препораката на МНР да се почитува правото на здружување вов рска со основањето на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети” во Охрид.

Според Мојсоска тоа се фашистички вредности, а претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен како типичен препотентен ЕУ-деспот ги бранела бугарските позиции во македонското Собрание.

– МНР со официјална реакција бара да се почитува правото на здружување по фашистичка идеологија и да не се негираат правата и слободите на другите (кои гаат фашистички вредности).

ФАШИСТИЧКИ вредности!

На европско тло се промовира агресивно анти-семитизам и фашизам, додека Урсула како типичен препотентен ЕУ-деспот ги бранеше бугарските позиции во македонското Собрание.

И логично е во една земја членка на НАТО, единствени вредности кои се култивираат се фашистичките вредности.

#НеЗаБугарскиотХитлер, напиша Мојсоска на Фејсбук.

Според лидерот на Левица, Апасиев, “балистот Османи” го брани отварањето на клуб со случна идеологија како неговата.

– Балистот Бугар Османи го брани отворањето клуб на неговиот идеолошки близнак – фашистот Цар Борис III. Епа, ај баш видете утре охриѓани шо ќе ви порачаат

#МакедонскиАнтифашизам, напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…

Од македонската амбасада во Израел информираат дека…

Македонското МНР со сочувство до Индија по…

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…

Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…

„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…

Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…

Бугарскиот МНР: Бугарија нема и не може…

Членството во ЕУ не е дадено, туку…