Нема починати лица: Ова е денешната Ковид статистика

t

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (56), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 69 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.09 до 25.09.2022година.

Направени се 529 тестови: ИЈЗ-61, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-6, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-27, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-11, Биотек-9, Систина-6, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-8, Плодност-0, Генеа-2, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-7, Ели Медика Плус-0, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 256.

Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544 а бројот на активни случаи изнесува 432.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…