(Фото) Градоначалничката на Град Скопје беше на увид на текот на градежните работи за реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во населба Драчево
Градоначалничката на Град Скопје денес беше на увид на текот на градежните работи за реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во населба Драчево во општината Кисела Вода каде по поставување на целосно нова атмосферска канализација, отпочна асфалтирањето во првата фаза.

Со овој проект покрај целосна реконструкција на улицата, во вкупна должина од 1.175 метри едновремено се врши за прв пат и изградба на нова атмосферска канализација по целата должина.

“Оваа сообраќајница не е реконструирана повеќе од 30 години, при што со проектот значително се подобрува инфраструктурата за граѓаните, се олеснува движењето и пристапноста за повеќе од 30.000 жители на општината, а воедно се решава и деценискиот проблем со атмосферските води. Покрај новиот коловоз и атмосферската канализација, на улицата предвидено е да се постават нови тротоари и енергетско ефикасно улично осветлување. – истакна градоначалничката Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…