Сакам да сум денес динамит и сè предавничко и антимакедонско да го сторам пепел, вели внуката на револуционерот Петре Пирузе

t

Професорката по македонски јазик Билјана Котлар-Сакоман за денешното отворање на бугарскиот „културен“ клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид реагира во стилот на македонскиот поет, револуционер и учесник во Народноослободителната борба, Ацо Караманов, кој токму на денешен ден во 1944 година загина на 17 години во борба со германскиот фашистички окупатор кај беровското село Смојмирово.

„Гледајќи го отварањето на непријателскиот и провокаторски бугарски клуб, чие име не сакам да го изговорам, во Охрид, на датум ‘случајно’ одреден, (кај нив нема ништо случајно, ами тоа е ден кога бугарските фашисти на смрт со стрелање ги осудија Лазар Колишевски и мојот тетин Петре Пирузе Мајски, се потсетив на стихот: ‘Сакам да сум динамит’ од младиот поет Ацо Караманов, кој впрочем и е стрелан на денешен ден. Да, сакам да сум денес динамит и сè предавничко и антимакедонско да го сторам пепел!“

https://www.facebook.com/kotlarn/posts/10159843280718070

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Демир Капија над 46 отсто излезност…

Во Демир Капија е регистрирана 46.15 проценти…

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким…

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија…

(Видео) Македонска Ера Трета Суверенисти обвинува за…

Политичката партија Македонска Ера Трета Суверенисти обвинува…

ДИК: Избирачките одбори да ги почитуваат законите…

Државната изборна комисија (ДИК) апелираше избирачките одбори…

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон…

Во Париз денеска, Франција ја прослави 79-годишнината…