Објавено на:

ММФ одобри итен заем од 1,3 милијарди долари за Украина!

t

Одборот на извршни директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)  одобри итен заем од 1,3 милијарди долари за Украина за да обезбеди дополнително финансирање како помош државата да ја одржи својата економија додека се бори против руската инвазија.

Парите ќе дојдат од новата програма за итни заеми заради справување со недостигот на храна, која одборот на директори на финансиската институција ја одобри минатиот месец.

Украина, исто така, побара бордот на директори на ММФ да ја надгледува програмата со цел да ја зајакне политичката посветеност и дополнително да ја катализира поддршката од донаторите, објави ММФ.

ММФ објави дека руската војна против Украина, што почна на 24 февруари, предизвика „страшно човечко страдање и економска болка“, проценувајќи дека оваа година БДП на Украина ќе претрпи пад од 35 проценти. ММФ веќе и одобри заем од 1,4 милијарди долари на Украина. 

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…