Арсовска ќе присуствува на конфренција за иновации на градоначалници од САД и Европа: Справување со енергетската криза во фокусот
Градоначалничката Данела Арсовска во наредните два дена ќе присуствува на конференција за иновации на градоначалници на која ќе оствари средби со градоначалниците на метрополите од САД и Европа, известуваат од Град Скопје.
“Размената на искуствата за локалната самоуправа има за цел да создадеме инклузивен, правичен и одржлив град. Скопје е метропола со која се гордееме и ќе продолжиме да делуваме при секоја можност да изнајдеме решенија кои можат позитивно да влијаат на нашиот град за доброто на сите.
Чест и привилегија е да бидам поканета да им се придружам на моите пријатели градоначалници од САД и Европа, како и на други истакнати иноватори и урбани експерти со кои ќе дискутираме за создавање подобри решенија и можности за нашите жители да напредуваат. Во фокусот на средбите ќе биде размена на искуства за справување со глобалната енергетска криза, спроведување реформи и кратење на непродуктивните трошења како мерки на штедење, но и можностите заедно да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат метрополите низ светот.” – истакна Арсовска.
Градоначалничката потенцира дека градот како дел од реформите, ги минимизира сите трошења кои се непродуктивни, при што и за ова патување како и досегашните нема финансиски импликации за градот, кој е гостин на партнерите од САД со кои градот соработува во изминатите месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…