Вучиќ најави економски бум во Србија: Големи странски инвестиции, пет нови автопати, повисоки плати и помош за младите!
Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната прес-конференција најави низа крупни инфраструктурни проекти и мерки за подобрување на животот на српските граѓани
Од 1 ноември зголемувањето на пензиите во Србија ќе биде 9 отсто, а потоа од 12,1 отсто од 1 јануари, вели Вучиќ.
Вкупниот пораст на пензиите што завршуваат во јануари ќе биде 20,2 и 20,8 отсто, што е значително повеќе или двојно повеќе од инфлацијата на годишно ниво, рече Вучиќ.
Така, просечната пензија ќе биде околу 38.000 динари или околу 322 евра, вклучувајќи ги и пензиите на земјоделците.
Зголемување на платите во јавниот сектор за 12,5 отсто, во армијата за 20,5 отсто.
Минималната плата ќе изнесува 40.020 динари.
До крајот на годинава оние млади кои ќе аплицираат ќе добијат 5.000 динари, најави претседателот Вучиќ и додаде дека станува збор за 45 милиони евра, „колку што можеме да издржиме“.
Како што рече, младите ќе можат да аплицираат за помош од 1 до 15 декември.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нивото на странски инвестиции до крајот на годината ќе изнесува од 3,65 до 3,9 милијарди евра и ќе биде блиску или повеќе од минатогодишниот рекорд.
Тој во своето обраќање пред граѓаните рече дека во септември инвестициите достигнале 3 милијарди и 11 милиони евра странски инвестиции, што е рекорд во историјата на Србија и 0,3 отсто повеќе од 2021 година.
„Важно е да се истакне фактот дека јапонските и кинеските компании инвестираа многу. Тие ни обезбедуваат ваква сигурност, ни обезбедуваат плати, пензии“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија најави дека во наредната година ќе бидат завршени пет автопати и експресни патишта.
„Од Нова година сите Чарапанци треба да знаат дека ќе имаат автопат од нивното место до Белград. Таа делница ќе биде отворена до крајот на оваа година. Веруваме дека до крајот на март ќе го завршиме секторот Б. на обиколницата околу Белград, а потоа ќе почнеме да преговараме за сектор Ц „Патот Рума-Шабац треба да биде готов до септември, а брзиот пат до Ваљево до крајот на 2023 година“, рече претседателот.
Тој најави и инвестиции во железницата, а додаде дека во изградба е брзата пруга Белград-Ниш.
„Размислуваме да се поврземе со Врбица до Црна Гора, бидејќи нашата пруга таму е во ужасна состојба. До крајот на 2025 година ќе имаме завршена пруга преку Србија до Унгарија“, рече Вучиќ.
Како што вели, успеавме да не се откажеме од ниту еден проект и покрај големата криза во светот.
Не се откажуваме од никаква инвестиција и покрај кризата“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…