Добро утро со Инфомакс: Колку е многу нужно во дланките на самочувството да те сочуваме

t

„Нерези“ е патриотска песна во која Гане Тодоровски со воодушевување пее за постојаноста и траењето низ вековите. Преку манастирот, тој всушност пее за својот народ кој успеал и покрај сите тешкотии да опстане и сè уште да постои.

Добро утро Македонци, уживајте во “Нерези”:

НЕРЕЗИ

1
Во секој заглед: Занемена големина!
Во секоја мисла: Победа на невремето!
И одвет: Ваше сум Вчера!
2
Колку е малку нужно в очи да те збереме,
колку е многу нужно во дланките на
самочувството
да те сочуваме.
3
Витосни векови време требало да се надживеат,
векови невекувани,
години неизгодинети,
денови неразденети.
4
Витосни векови време во костец со забравата,
и — пак те имаме!
5
Тука сме, речи ни: почесто елате тука
и узнавајте ја смислата
на своето постоење.
6
Бликотен врутоку влеј се во нашите пориви,
така да истрајуваме,
така да се осмислиме,
така да убавееме.
7
Многузборлива немотијо, велиш ли:
и покрај сè —
живееме, живееме, живееме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…