Путин: Инцидентот на мостот на Крим – терористички напад!
Руските власти не се сомневаат дека инцидентот на мостот на Крим е терористички напад врз важна цивилна инфраструктура, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Како што штотуку објавивте, нема сомнеж. Тоа е терористички акт чија цел е да се уништи важна цивилна инфраструктура на Руската Федерација“, рече Путин на средбата со директорот на Рускиот истражен комитет Александар Бастрикин.
Рускиот претседател изјави дека извршители и нарачатели на овој инцидент биле специјалните служби на Украина.
Според Бастрикин, истражителите и членовите на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) успеале да ги идентификуваат осомничените вклучени во терористичкиот напад на мостот на Крим.
„Веќе ја утврдивме трасата на камионот на кој се случи експлозијата. Тоа се Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија, Краснодар… Идентификувани се превозници. Со помош на агенти на ФСБ, успеавме да идентификуваме осомничени меѓу оние кои можеа да подготват терористички напад“, прецизира Бастрикин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…
Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…
Фон дер Лајен најави помош од речиси…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Малолетник се здобил со тешки повреди откако…
Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…