Првостепено осуден човекот кој му рече на Заев дека не е достоен да им оддаде почит на загинатите од НОБ

t

Од Левица информираат дека нивниот член кој за време на одбележувањето на 11 октомври пред неколку години му кажа на Заев дека не е достоен за да им оддаде почит на жртвите во Прилеп, е првостепено осуден.

– ИВАН ЈОВАНОСКИ ОД ЛЕВИЦА ПРВОСТЕПЕНО ОСУДЕН ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО ЗАЕВ

Членот на политичката партија Левица, Иван Јованоски првостепено е осуден во политички монтиран случај, по директива на поранешниот премиер Зоран Заев!

На само еден ден пред Денот на народното востание на македонскиот народ, нашиот член прекршочно е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените.

Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато, тој нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ!

Дека се работи за типична РЕПРЕСИЈА на хибридниот режим, потврдува тоа што како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка не се јавува поранешниот премиер Заев – туку извесен полициски службеник ЗЛАТКО НИКОЛОСКИ, кој не е оштетена странка во случајот.

Ваквите тоталитарни методи на власта во пад потврдува дека КОВАЧЕВСКИ е доследен послушник на Заев, кој единствено владее преку партизираност на институциите, закани и прогон, а Македонија е целосно заробена држава од фамилијата Заеви.

Континуираниот прогон со кој се соочуваат членовите на Левица од тоталитарниот режим на СДС и ДУИ само уште повеќе го мотивира нашиот борбен дух против оваа криминална банда на политиканти – а од позиција на власт и ослободени институции, Левица ќе иницира кривичен прогон против сите оние кои го силуваа правото и Уставот за време на ЗАЕВИЗМОТ!

Левица ќе ги искористи сите инстанци за да ја ОБЖАЛИ пресудата, а на поранешниот премиер Заев му порачуваме да собере храброст и тој лично да иницира постапка – а не да се крие позади непознати полициски службеници и заробените државни органи.

#ЌеПобедиме, напишаа од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…