Српски медиуми тврдат дека Македонија има гас само за две недели

t

Македонија има гас за само две недели работа на топланите, а грејната сезона почнува во сабота, пишуваат српските медиуми, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Тој посочи дека државата е подготвена да користи алтернативно гориво за затоплување на домови, училишта, градинки, деловни простории, министерства, имајќи предвид дека топланите можат да работат на гас и мазут.

„Годинава направивме се Скопје да има греење на 15 октомври. Не беше лесно со оглед на екстремно високата цена на гасот. Сепак, со оглед на краткорочното поевтинување на гасот и договорот што Макпетрол го има со снабдувачот со кој традиционално работи, до крајот на октомври е обезбеден износ за работа на топланите. А доколку гасот енормно поскапи, државата е подготвена да ги затоплува домовите на граѓаните на алтернативно гориво“, рече Ковачевски.

Освен цената на гасот, како проблем Ковачевски ја посочи и достапноста.

-Знаете дека имаше пренасочување на гасоводот кон север, што ги намали испораките, потоа често има намалување на протокот…“, рече Ковачевски.

Ковачевски изјави дека до 1 ноември гасот го обезбедува Мекпетрол по цена од 1.713 евра за 1.000 кубни метри гас.

„До крајот на грејната сезона ќе се утврди концептот на греење, односно енергија во зависност од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната централа ТЕ-ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлинска енергија, “ соопштија од компанијата.

Доколку не се набави гас за топланите (Исток, Запад, Скопје-Север и таа во Железара), тогаш главниот град ќе треба да се грее на мазут, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…