Кој сака нека честита: ДИЗЕЛОТ НАДМИНА 100 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР!

t

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 100,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 51,920 ден/кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува ценaта на бензините и на…

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на…

Од полноќ поевтинува дизелот

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од…

Значително поскапување на дизелот по полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…

Спречен обид за шверц на 50 тони…

Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за…

Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…

Регулаторната комисија донесе одлука со која се…