(Фото) Ковачевски: Новата електрана во Амзабегово ќе снабдува со струја 5.500 семејства

t

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настан по повод отпочнувањето со работа на 17 мегаватна соларна електрана, кумулативно најголемата фотоволтаична електрана во земјата, лоцирана во Свети Николе, Амзабегово.

Електраната се состои од 31.772 сончеви панели на површина од 300.000 квадратни метри со 17 мегавати номинална инсталирана моќност и предвидено производство од 25.000 MWh зелена енергија годишно, што би можела да снабдува над 5.500 македонски домаќинства.

Во продолжение Ви пренесуваме дел од обраќањето на премиерот Ковачевски:

„Денес не зборуваме за минатото, денес зборуваме за иднината. Зборуваме за нови проекти кои треба да ни донесат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија меѓутоа и како да ја зајакнеме економијата и подобриме животниот стандард на граѓаните.

Ова што денес го пуштаме како најголемата инвестиција во фотоволтаична централа во државата, покажува како работи една одговорна Влада, како може да функционираат институциите и на централно ниво и на локално ниво, како може да постои дијалог меѓу државни институции и реномирана приватна компанија која работи во 25 држави во светот и како на крај од тоа има резултат којшто резултат доаѓа 3 месеци пред зададениот рок. Затоа кога станав премиер кажав дека јас имам доверба и во македонските граѓани и во македонските компании и воопшто во државата. Со ова го потврдуваме дека можеме да го направиме. Оваа фотоволтаична централа со големина од 17 МВ капацитет, тоа е најголемата фотоволтаична централа во државата. Директорот на ГЕН-И не кажа уште една работа, оваа централа е поголема од сите централи кои што се направени во Словенија. Ако ја однесете поединечно во Словенија, тогаш оваа централа ќе биде поголема. Тоа е затоа што Македонија е земја на сонцето. Тоа го препознава ГЕН-И сонце, тоа го знае и оваа Влада. Ова е начинот на кој треба да се инвестира во обновливи извори на енергија. Тоа значи работа за наши инженери, работа за наши техничари, работа за сите оние кои ќе ја користат таа електрична енергија.

Се справивме и се справуваме брзо и ефикасно со енергетската криза, но и поставуваме курс за тоа како треба да изгледа државата во иднина кога зборуваме за производство на енергија и зелена индустрија и економија која се стремиме да ја креираме.

Стабилноста во обезбедувањето на електрична енергија преку сите расположливи ресурси е наш врвен приоритет, особено во време на најголема светска енергетска и економска криза.

Затоа, ми претставува чест што денес сум поканет тука и задоволство што заедно со менаџментот на ГЕН-И го означуваме почетокот на работа на 17 мегаватна соларна електрана на оваа групација, како кумулативно најголемата соларна електрана во нашата држава.  

Сакам да се заблагодарам на менаџментот на ГЕН-И затоа што ја избра Македонија за нивната  инвестиција. Можеа да ја однесат инвестицијата каде сакаат, на кое било друго место во регионот па дури и во Светот. Но сепак, тие ја одбраа нашата земја, затоа што овде, тие добија најдобра поддршка и услуга. На овој начин ќе се бориме за секој денар нова странска инвестиција чекор по чекор, инвестиција по инвестиција за да нашиот енергетски сектор го направиме независен, меѓутоа и енергетски сектор кој ќе се базира на обновливи извори на енергија.

Ова исто така покажува дека Македонија е угледна и почитувана земја кога станува збор за странски директни инвестиции. Денес, јас сум горд што можам да кажам дека сум Македонец и сум навистина среќен што пред нас е период на нови проекти кои оваа Влада ќе ги имплементира.

Ова е огромен чекор напред во остварување на владините амбиции за обезбедување електрична енергија од обновливи извори на енергија на кој јас инсистирам дека мора да се случат што поскоро.

Оваа инвестиција, оваа фотонапонска централа, има инсталиран капацитет кој е ист како сите изградени фотонапонски централи во Македонија за вкупно 11 години колку што владееше претходната власт. Тоа покажува визија за иднината, но и посветена работа на Владата, особено во дадениот контекст на енергетско-економска криза.

Токму оваа Влада го воведе премиумот како начин на поддршка за изградба на фотонапонските електрани во Македонија. Оваа фотонапонска централа е резултат на првата транспарентна и конкурентна постапка организирана од Министерството за економија, затоа сакам да им се заблагодарам на сите од Министерството за економија кои што учествуваа во оваа постапка.

Ќе ви презентирам еден фрапантен податок, за сите претходни изградени фотонапонски електрани во време на претходната Влада со капацитет од 16 мегавати, годишно преку сметките на граѓаните се исплаќаат околу 5 милиони евра. Граѓаните плаќаат 5 милиони евра за да тие кои изградиле фотонапонски централи добијат тарифи од 180 и 200 евра. Додека за оваа електрана, државата исплати 250 евра. А во буџетот беа уплатени околу 2,7 милиони евра од страна на ГЕН-И сонце за да може да ја гради фотонапонската електрана од 17 мегавати. Па сега вие, како медиуми и граѓаните нека ценат, кој модел е подобар дали оној во којшто граѓаните плаќаат на приватни компании за да има централи или овде каде што компаниите и плаќаат на државата за да изградат фотонапонска централа.

Е вака изгледа грижа за парите на граѓаните, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…