Шансите на Македонија за пласман на европско се 6%
Македонија вчера не можеше да добие потешка група во евроквалификациите за континенталниот собир во 2024 година во Германија, откако ни паднаа екс-светските шампиони Италија и Англија, па безмалку невозможен стана патот кон ново учество на големите турнири и „групата на смртта“ уште ја надополни Украина.
Немаше Македонија среќа ни на оваа ждрепка, како ни на ланската за мундијалските баражи откако ги доби Италија и Португалија со две гостувања за да бара виза за Мундијалот во Катар, па и сега сценариото исто со две европски велесили во битка за првите две позиции кои водат директно на Еуро 2024.
И компјутерот веќе ги пресмета шансите, шест месеци пред стартот на евроквалификацискиот циклус во кој, црвено-жолтите немаат ни шест отсто шанса за пласман во таква пеколна група, за разлика од великаните чии шански се предвидуваат над 86 отсто и сите веќе ги гледаат како сигурни учесници на Еуро 2024.

Италија и Англија се финалистите од последното Еуро 2020 на кое Македонија дебитираше, а во Букурешт игравме со Украина и загубивме со 1-2, па земјата која моментно е опустошена од руската агресија има само 20 отсто шанси да излезе пред една од селекциите фаворити во нашата група.
И интересно, помалку и нелогично, Македонија и со ваква ждрепка и ваква „група на смртта“ има за нијанса поголема шанса, од соседна Бугарија, која доби во споредба со нас далеку полесна група во која може да се надеваат, но компјутерот и аналитичарите не веруваат во источниот сосед, па тие немаат ни четири отсто шанса за ЕП.
Изненадувачки Грција која се падна во втората „група на смртта“ со Холандија и Франција има дури 42 отсто шанса за пласман.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…