МЕДВЕДЕВ и ЗАХАРОВА се бараат со меѓународна потерница: Украинската безбедносна служба објави шокантна информација!

t

Медведев и Захарова се обвинети според член 110 од Кривичниот законик на Украина „Повреда на територијалниот интегритет и неповредливост на Украина“.

Службата за безбедност на Украина на листата на трагачи ги стави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев и портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

РИА Новости наведува дека во документот на СБУ се наведува дека Медведев и Захарова „се кријат од предкривичната истрага“, а наведен е и датумот на нивното „исчезнување“: 1 март 2022 година. Тие се товарат по член 110 од Кривичниот законик на Украина „Повреда на територијалниот интегритет и неповредливост на Украина“.

Медведев беше на чело на Владата на Русија од 2012 до 2020 година, а на таа функција дојде од функцијата претседател на државата, која ја извршуваше од 2008 година.

Директорот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин нареди поведување кривична постапка по незаконски издадените потерници.

„Очигледно е дека одлуките на СБУ се донесени на фиктивни основи и се спротивни на законот“, истакна Истражниот комитет. Тоа доаѓа од базата на податоци на Министерството за внатрешни работи на Украина, пренесува РИА Новости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…

Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…

Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…

Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…