ММФ предупредува: Инфлацијата може да стане како воз кој излегол од контрола

t

Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева и претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, предупредија за зголемениот ризик од глобална рецесија, при што инфлацијата останува постојан проблем по рускиот напад врз Украина.

-Постои ризик и реална опасност од глобална рецесија следната година, рече Малпас на почетокот на Годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека економскиот развој ширум светот се соочува со криза, наведувајќи го во овој контекст забавувањето на растот во развиените економии и депрецијацијата на валутите во многу земји во развој.

Шефицата на ММФ Георгиева рече дека ММФ гледа „значаен проблем“ во Кина, втората по големина економија во светот, каде што нестабилноста на пазарот на домување го намалува економскиот раст.

Осврнувајќи се на порастот на потрошувачките цени во земјите низ светот, таа рече дека не можеме да дозволиме инфлацијата да се движи „како воз кој излегол од контрола“.

Георгиева оцени и дека Заедничката рамка на Групата 20 за реструктуирање на долговите на сиромашните земји полека профункционира, но оптимист е за случаите на Чад и Замбија, кои заедно со Етиопија први побараа помош.

Таа изрази надеж дека напорите за реструктуирање на долгот на Чад и Замбија може да бидат финализирани до крајот на годината, што, како што вели, ќе го отвори патот за другите земји да побараат таква помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата во Еврозоната изнесува 2,4% во април

Инфлацијата во еврозоната се задржа на 2,4…

ММФ: НБРМ е добар пример за транспарентност

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска одржа предавање на „Форумот…

ММФ предвидува раст на БДП за Македонија…

Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)…

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст…

Нашата земја годинава ќе има економски раст…

ММФ: Нè очекува бавен глобален раст

Светската економија се соочува со иднина на…