“Им се лизга од раце”: Британија ја разгледуа законитоста на обидот Шкотска да стане независна држава

t

Британскиот Врховен суд денеска ќе ја разгледа законитоста на обидот на Шкотска следната година да одржи нов референдум за независност, без согласност на владата во Лондон.

Шкотската Влада во Единбург бара ново гласање за прашањето: „Дали Шкотска треба да биде независна земја“.

Првата министерка на Шкотска, Никол Старџен, вчера, на годишната конвенција на нејзината Шкотска национална партија (СНП), изјави дека сослушувањето нема да биде неопходно доколку британските власти во Вестминстер ја почитуваат шкотската демократија.

-Но, Вестминстер нема таква почит. Тоа значи дека ова прашање секогаш било предодредено да заврши на суд порано или подоцна – порано, според мене, е подобро, рече таа.

„Доколку судот одлучи онака како што се надеваме, на 19 октомври следната година ќе има референдум за независност“, додаде таа.

На сослушувањето во Врховниот суд, адвокатите ќе се расправаат за овластувањата на децентрализираниот шкотски Парламент во Единбург наспроти британскиот Парламент.

СНП лани излезе на шкотските парламентарни избори со ветувањето дека ќе одржи законски валиден референдум по смирувањето на кризата со Ковид-19.

Владејачката партија сега сака да одржи референдум, но британската Влада, која мора да даде одобрение согласно Законот за Шкотска од 1998 година, не даде дозвола.

Новата британска премиерка Лиз Трас во телевизиско интервју овој месец го повтори својот став дека последниот референдум во 2014 година беше настан што се случува еднаш во генерација.

-Јас сум целосно јасна дека не треба да има уште еден референдум пред да исчезне таа генерација, додаде таа.

Анкетите сега покажуваат дека гласачите во Шкотска речиси рамномерно се поделени во однос на независноста.

На последниот референдум во 2014 година, 55 отсто од Шкотите гласаа против отцепување.

Но, тоа се случи пред Брегзит, за кој мнозинството во Шкотска гласаше против, и општите избори, на кои за прв пат беше избрано мнозинството пратеници за независност.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…