Џафери со честитка за 11 Октомври: Сплотени да бидеме на вистинската страна
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
– На овој историски ден кога се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот – најголемото зло во историјата, и почетокот на неизвесното меѓутоа решително спротивставување против окупацијата, насилството, поделбите, понижувањето и дискриминацијата помеѓу луѓето, повторно се потсетуваме на таа генерација слободољупци и пожртвувани сограѓани кои не се двоумеа во ниту еден миг за тоа на која страна да и се приклучат и да го положат најскапоценото. Уверени, како што сме и ние сега во ова турбулентно време на војна во Украина, меѓутоа и на општа неизвесност во поглед на привидниот мир во светот уверени, за тоа каде да ја дадеме нашата институционална, политичка, материјална и морална поддршка како држава и како граѓани, вели Џафери во честитката.
Денес, додава Џафери, битката се води во повеќе димензии и предизвикот е повеќекратно поголем. Покрај животната егзистенција, во прашање е и економската, енергетската и здравствената криза која надвиснала над светот како темен облак.
– Затоа, сплотени и единствени како граѓани и како човечки суштества, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да градиме стабилна и сигурна иднина за идните поколенија, порачува Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…
Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…
Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…
Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…
Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…