Драшковиќ: Србија може да се отклони од Русија – Ќе се повтори историското “НЕ” на Тито за СССР
Претседателот на Српското движење за обнова (СПО) и писател Вук Драшковиќ оцени дека ќе се повтори 1948 година, кога Југославија му кажа историско „не” на Советскиот Сојуз, и дека исходот ќе биде ист, јави дописникот на МИА од Белград.
„Ризикот со кој би се соочила сегашната влада доколку реши да се отклони од Русија и да се сврти кон Западот е значително помал од оној што постоеше во 1948 година, кога Тито му рече историско „не” на Сталин и кога насекаде околу Југославија беше војската на Сталин“, кажа Драшковиќ, во програмата „Половина час Демостат”.
Тој на констатација на изјавата на Александар Вучиќ од 2019 година за „никогаш повеќе ’48.”, рече дека „1948 година ќе се повтори и исходот ќе биде ист”.
„Ако (Александар Вучиќ) се одлучи за тоа историско „не“, нема да има никаков ризик. Тие што млатат под црковни знамиња, тоа брзо би издишало, бидејќи на крајот на краиштата, овој народ не е народ без мозок, кој нема историско искуство и меморија, само треба малку да се потсети“, истакна Драшковиќ.
Тој потсети дека на преговорите за конечниот статус на Косово, кои се одржаа во Виена во 2006 и 2007 година, а на кои и самиот присуствуваше како шеф на српската дипломатија, Maрти Ахтисари наметнал решение за конечниот статус, кое не предвидуваше формално признавање од Србија и кое беше прифатено од сите до самиот крај.
Драшковиќ рече дека за тоа е потребно само да се отворат медиумите и да му се каже на народот вистината за тоа што се случува во Украина, за злосторствата што власта на Путин ги прави во Русија и да се потсети на злосторствата во регионот што се случија во 90-тите. Вели дека Русија се обиде да тргува и побара Абхазија, Осетија и Придњестровје да добијат ист статус како Косово, што Западот го одби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…