Пендаровски и претседателите на Централна и Источна Европа: Руските напади на Украина се воено злосторство!
Масовните руски бомбардирања на украинските градови претставуваат воени злосторства според меѓународното право, изјавија денеска претседателите на земјите од Централна и Источна Европа, меѓу кои и македонскиот претседател Стево Пендаровски.
„Ние, претседателите на Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија и Словачка, го осудуваме масовното бомбардирање на украинските градови неодамна извршени од Русија, кои според меѓународното право претставуваат воени кривични дела“, наведуваат тие во соопштението.
Русија ги нарекува своите дејствија во Украина „специјална операција“ за која вели дека не е дизајнирана да окупира територија, туку да ги уништи воените капацитети на јужниот сосед и да ги фати оние што ги смета за опасни националисти.
Русија негира дека намерно гаѓа цивили.
Пред една недела, претседателите на девет земји од Централна и Источна Европа, членки на НАТО, ја осудија руската анексија на четири делумно окупирани украински провинции, отфрлајќи го рускиот потег како незаконски и ги поддржаа аспирациите на Украина за влез во НАТО.
Соопштението го потпишаа лидерите на Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Македонија, Црна Гора, Романија и Словачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…