На најголемата иранска фудбалска легенда му го земаа пасошот бидејќи им дал поддршка на жените

t

Најголемата иранска легенда Али Даеи остана без пасош и доби забрана да излезе од земјата од најбизарна можна причина – им дал поддршка на жените кои протестираат секојдневно после смртта на една млада Иранка.

Махсе Амини почина три дена откако беше уапсена од верската полиција поради тоа што не носела хиџаб, па смртта на младата Иранка предизвика вистинска револуција во земјата и сѐ поголем е бројот и на големи имиња од оваа земја кои им даваат поддршка на жените.

На таа поддршка се приклучи и Даеи, а откако ја обвини власта дека е „полициски режим“ и дека е одговорна за репресија кон демонстрантите, сега се соочува со сериозна казна.

„За сѐ што Даеи објави, одземен му е пасошот“, објавија ирански медиуми.

Даеи долго време беше најдобриот стрелец на сите времиња за една репрезентација со 109 гола, сѐ додека Кристијано Роналдо со Португалија не го надмина.

извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британците повикани да подготват резерви за три…

Британските домаќинства се повикани да обезбедат основни…

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во…

Вознемирувачки случај во скопски автобус: Маж допирал…

Четириесет и петгодишна жена пријавила во полиција…

Трамп го обвини Иран дека ја крева…

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран…

Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот…

Очекувам се она што го имаме постигнато…