ОРБАН ОТКРИ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН: Еве што му порачал рускиот претседател пред почетокот на специјалната операција во Украина!

t

Во пресрет на почетокот на специјалната воена операција, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека има намера да ја спречи Украина да влезе во НАТО, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за весникот Берлинер цајтунг.

– Бев во Москва на 5 февруари и Путин ми рече дека ќе направи се за Украина никогаш да не влезе во НАТО – изјави премиерот на Унгарија.

Освен тоа, Орбан смета дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би успеала да го спречи конфликтот во Украина. Според него, таа и претходно се покажала како силен лидер, кога во 2014 година успеала да спречи избувнување на сериозен конфликт.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари најави почеток на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на сограѓаните, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките од Донбас се обратија до Москва за помош.

Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. За ова, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“ и да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства врз цивилите“ во Донбас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…

Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…

Фон дер Лајен најави помош од речиси…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Малолетник се здобил со тешки повреди откако…

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…