ВИДЕО: Утринава нови експлозии во Украина, тревога за воздушен напад во Киев!

t

Украинската државна телевизија јави дека денеска, во раните утрински часови, се слушнале експлозии во украинските градови Николајев и Запорожје, додека во главниот град Киев се слушале сирени за воздушен напад.

-Експлозиите се во Запорожје, потврди шефот на градската администрација Александар Старух, пренесува Тасс.

Извештаите за експлозии во Николајев и сирените за воздушни напади во Киев доаѓаат од дописници на украинската телевизија во двата региона.

Во регионите на Киев, Суми, Черкаси, Кировохрад, Николајев, Дњепропетровск, Харков и Полтава, како и во делот на регионот Запорожје, контролиран од Киев, прогласена е тревога за воздушен напад, соопшти Тасс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Со навредлив транспарент за македонската полиција…

На денешниот протест против насилството врз жените,…

НОВАТА ВЛАСТ ВО СРБИЈА Ѝ УДРИ ШАМАР…

Србија нема да учествува на самитот на…

ОЈО Крива Паланка постапува по напад врз…

Обвинителството во Крива Паланка почна да постапува…

Руска рафинерија гори веќе трет ден

Резервоарите за складирање во нафтената рафинерија во…

Мицкоски со јасна порака до ЕУ: Уставот…

Премиерот Христијан Мицкоски за медиумите пред почетокот…