Власта ги “осудува” фашистичките клубови додека се слика со нивните финансиери
ВЛАСТА ГИ “ОСУДУВА” ФАШИСТИЧКИТЕ КЛУБОВИ, ДОДЕКА СЕ СЛИКА СО НИВНИТЕ ФИНАНСИЕРИ, велат од Левица.
– По отворањето на повеќе т.н. „Културни клубови“ кои носат имиња на истакнати бугарски фашисти, следеа повеќе сенародни протести предводени од Левица, на кои народот јасно ѝ покажа на Владата дека таквите нео-фашистички пропагандни центри не се добродојдени во Македонија.
Потврда за соучеството на СДСМ во величењето на фашистичките соработници и окупатори на Македонија добиваме и од фактот дека Милен Врабевски – кој беше гостин во Владата заедно со анти-македонскиот европратеник Џамбаски – како личен пријател на Зоран Заев, е главен финансиер за отварање на Културните клубови именувани по фашистичките дејци „Иван Михајлов“ и „Цар Борис III“.
После искажаниот револт на народот, сведочиме како функцонерите на СДСМ и ДУИ, кои претходно ја пружија целата логистичка, бирократска и политичка поддршка за отворањето на овие „културни клубови“, сега ретерираат и користат евтина патетика за осудување на истите.
Го потсетуваме македонскиот народ дека вратите за продор на бугарската нео-фашистичка, окупаторска и анти-македонска пропаганда беа отворени уште од Владата на Зоран Заев, кој заедно со тогашниот Министер за надворешни работи Никола Димитров, го потпишаа „Договорот за добрососедство“ со Бугарија.
Токму овој договор денес е основа за уцени, попречување на интеграциониот пат во ЕУ на Македонија и расадник на фашистички клубови и идеи, преку кои се спроведува агресивната бугаризација на Македонија.
Оваа штетна политика денес ја продолжуваат актуелниот премиер Ковачевски и министерот за надворешни работи од ДУИ – Бујар Османи, кои заедно со Пендаровски, учествуваа во изработката на срамниот и понижувачки „Француски предлог“, спроведен преку нивните сопартијци во Собранието, со кој овозможија негација и ревизија на целата македонска историја пред 1945 година, негирање на македонскиот јазик и идентитет, како и најлош облик на пропаганда преку образованието и учебниците.
Очекувајки ваков развој на настаните, Левица уште на 9-ти мај годинава поднесе Резолуција против рехабилитација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, со цел да се превенира бугаризацијата и спречи ширењето на опасните фашистички идеи во Македонија, но ДУИ и СДСМ преку, претседателот на Собранието Талат Џафери, спречуваат истата да се најде на дневен ред.
Левица го повикува целиот македонски народ внимателно да ги следи настаните и извитоперените изјави на актуелните и бивши државни функционери и да биде спремен во секој момент да излезе на протест во борбата против Фашизмот и неговите современи облици.
#ЛевицаОдПарламент, напишаа од Левица на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…