Макрон: Путин да се врати на преговарачка маса!
Францускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот лидер Владимир Путин да се врати на преговарачка маса за решавање на конфликтот во Украина.
„Владимир Путин мора да ја прекине војната, да го почитува територијалниот интегритет на Украина и да се врати на преговарачка маса“, рече Макрон во интервју за ТВ каналот Франс 2.
Тој исто така нагласи дека Франција не сака нова светска војна.
Во исто време, претходно Путин ја објави подготвеноста на Русија за преговори за Украина и го повика Киев веднаш да ги прекине сите непријателства. Како одговор, Владимир Зеленски рече дека Украина ќе води дијалог со Руската Федерација само кога ќе има друг претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…
Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…