(Фото) ЛУЃЕ СО ГОЛЕМО СРЦЕ: Спасено куче кое пред една недела паднало во длабока јама во Тетово

t

Планинар и активист за заштита на животни денеска околу пладне извадија бездомно куче од дупка/јама длабока четири-пет метри во Тетово, во која паднало и се наоѓало околу една недела.

За ситуацијата со кучето се зборувало во група на социјалната мрежа Фејсбук, по што планинарот Надир Мурсели и активистот Далибор се нашле на местото каде било паднато кучето со цел да го спасат и извадат од дупката.

-За проблемот ми се јави една моја пријателка, Ирина. Отидов со планинарска опрема, со јажиња. Се врзав за дрво и со помош на јажињата поради безбедност се спуштивме надолу со активистот. Кучето беше уплашено и лаеше. Некако успеавме да го ставиме во корпа, Далибор успеа да го врзе и да го стави внатре. Беше многу уплашено кучето нормално, не знаеше што се случува. И други луѓе имаше што помагаа, потоа за да се качи корпата нагоре. Имаше еден човек од околната продавница и уште неколку соседи и тие ни помогнаа да се повлече корпата нагоре, вели планинарот Надир Мурсели.

Според сознанијата на граѓаните, дупката која се наоѓа во двор од градинката, била покриена со дрвена плоча и поради тоа кучето паднало. Изминатите неколку дена луѓето од соседството го забележале откако интензивно кучето почнало да лае и квичи.

Тие овие денови му спуштале храна. По вадењето од дупката е однесено на локација за згрижување на бездомни кучиња на здружение за заштита на животни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ја откри следната цел на руската…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека следната…

Зеленски: Путин сака да ја уништи Украина,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати остро предупредување…

Нов напад врз нафтената артерија на Саудиска…

Нова топлинска аномалија е регистрирана во близина…

Нафтата експлодира на светските берзи: Брент достигна…

Цените на нафтата продолжуваат со силен раст…

Димовски: Американците измислија летачка кола, кај нас…

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со…