(Видео) Софијанова земала 353.000 денари плата, претходно баснословни суми во “Водовод”: На народот да му стане јасно дека ова не се решава институционално!

t

Искрено очекував да се отвори истрага за Венко Филипче за раскинувањето на договорот за изградба на клинички центар, а чие раскинување сега државата ќе плаќа пенали, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

– Денеска Софијанова фатена дека си наплаќала ноќни дежурства, 300.000 денари плата земала, докторка што треба да ја почитуваш кога ќе ѝ го однесеш детето.

Претходно баснословни суми во “Водовод” и народот молчи.

Ова не се решава со институции, со затвори, притвори. Треба да му стане јасно на народот дека колективно треба да се делува, институционално не се решава. 30 години едни исти луѓе, фамилии, елити и никако на народот да му текне, седи ќути да не го налутиме директорот, шефот.

Пази Софијанова ќе се траска од земја дека е многу јака докторка, кога ќе ѝ го однесеш детео да однесеш и бомбоњера, да ја молиш, ќе ти изиграва Господ и на крај 300.000 денари земала, вели Митовски.

Милош Милошевски додава дека елитите го унапредуваат системот на експлоатација на сопствениот народ.

– Вкупно земала 353.000 денари.

Системот на експлоатација на сопствениот народ и држава го подобруваат, не работат на негово уништување туку го унапредуваат, вели Милошевски.

Новинарот Фуркан Салиу денеска објави видео од разговор со директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, каде таа му се заканува дека ќе го тужи затоа што објавил дека земала преку 350.000 денари плата.

Салиу ја објави и пресметката за платата, 113.000 денари за ефективна работа, 192.000 за дежурства, повеќе од 30.000 за работа на државен празник и 16.000 за минат труд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ