Добро утро со Инфомакс: Митско минато, митска сегашност! Никој не може да каже кај ќе заоѓа Сонцето над Македонија
Митско минато и мкитска сегашност. Така го опишува постоењето на македонскиот народ академик Катица Ќулавкова во нејзината поезија.
За ова врнежливо утро одбравме современа македонска поезија, повторно инспирирана од македонската судбина.
Добро утро Македонци, уживајте во “Цунами”:
Цунами – Катица Ќулавкова
Остана само она кое не се дели понатаму –
елементарното, божјиот ќар.
Сé друго отиде за џабе.
Бесценета земја во замена за
голо преживување.
Сега имаме идеални услови за нови
конверзии. Ги поместивме границите
на стварноста, поместувајќи ги
границите на умот.
Сега страдаме од колективна
несоница – долга како робија
осетлива како жива реч
како ерогена зона.
Секоја ноќ си имаме работа со
арогантниот дилер на несреќата.
Кај ќе заоѓа Сонцето над Македонија
никој повеќе не може да каже.
Сé што градиме дење, ноќе го рушат.
Така со векови, мигриравме под земја
во други народи
и други јазици.
Никој не знае да објасни зошто
и понатаму нѐ има овде –
кога со едната нога сме
од онаа страна.
Митско минато, митска сегашност!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…