Браќата “не’ шутнаа”: Бугарските пратеници бараат и македонскиот амбасадор да не присуствува на свечената седница на бугарското Собрание
Додека македонските власти се фалат дека добрососедството со Бугарија никогаш не било на повисоко ниво, Бугарите дрско ги демантираат.
По амбасадорите на Руската Федерација, Елеонора Митрофанова и в.д амбасадорот на Белорусија во Бугарија, Никита Лешуков кои според прес-центарот на бугарскиот парламент нема да бидат поканети на првата седница на 48-то Народно собрание, закажано за 19 октомври, бугарски пратеници го покренале прашањето за присуството на конститутивната седницата и на македонскиот амбасадор во Софија.
Бугарски пратеници го поставиле прашањето дали и претставникот на Македонија треба да влезе во Народното собрание во Софија, откако како што велат тие „нашата национална химна беше исвиркана на фудбалски натпревар во Скопје“, пренесува 24 Инфо.
Ова иницијатива довела до жестока дискусија за време на прелиминарниот состанок за деталите од почетниот состанок, распределбата на местата во салата, просториите во парламентот и резиденциите на одделенијата. Македонија од неодамна има нов амбасадор во Софија, Агнеса Руси Поповска, и ваквиот пречек дополнително ќе ги наруши односите меѓу двете земји.
Во меѓувреме вчера бугарските медиуми објавија дека ГЕРБ-СДС предложила партиите да го поканат претседателот на Украина, Володимир Зеленски да има видео-обраќање во живо до народните избраници за време на првата седница на парламентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…