Договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик – Потонаа лагите на Мицкоски, велат од СДСМ

t

Република Македонија наскоро ќе го потпише својот прв официјален договор со Европската унија и тоа на македонски јазик, без какви било фусноти и дополнителни објаснувања. Станува збор за Договорот за гранично управување, попознат како Фронтекс, а Советот на ЕУ веќе ја донесе одлуката за потпишување, соопштија утрово од СДСМ.

Според нив, „потонаа лагите на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за некаква асимилација и бугаризација“.

-Со одлуката на Советот на ЕУ македонскиот јазик, признаен и заштитен на голема врата влегува во Европската унија, за да стане еден од официјалните јазици на големото европско семејство, потенцираат од СДСМ.

Вчерашната одлука на Советот треба да ја одобри Европскиот парламент, а потоа и македонското Собрание. Официјалното потпишување на договорот меѓу Македонија и Фронтекс се очекува до крајот на месецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Битиќи: Во среда да гласаме и…

„Ви се обраќам со длабоко чувство за…

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема…

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе…

Граѓаните масовно да излезат на изборите на…

СДСМ ги повикува граѓаните масовно да излезат…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…

СДСМ: На Денот на македонскиот јазик со…

Со многу посветеност, труд и ентузијазам СДСМ ги исполни…