Објавено на:

Маск ѝ откажа љубов на Украина: Нема веќе да ја финансираме, Пентагон нека плати

t

Американската компанија SpaceX, во сопственост на Илон Маск, го известила Министерството за одбрана на САД дека повеќе не може да плаќа за сателитски комуникациски услуги Starlink кои ѝ се даваат на Украина, јавува CNN, повикувајќи се на документи до кои дошле.

„Не сме во позиција да донираме дополнителни терминали на Украина, или да ги финансираме постоечките терминали“, рече директорот на компанијата во писмото до Пентагон. Од компанијата се бара американското Министерство за одбрана да плати за испораката на новите терминали на владата во Киев и да го преземе финансирањето на користењето на системот во Украина. Трошоците на Starlink до крајот на годината би биле 124 милиони долари.

Украинските власти претходно објавија дека терминалите на Старлинк не функционираат во зоната на руската воена акција, објави Фајненшл тајмс.

Прекини на услугата се забележани во регионите Донбас, Керсон, Запорожје и Харков.

Украинските експерти со кои разговараше Фајненшл тајмс изразија сомнеж дека проблемите во комуникацијата во овие региони се предизвикани од намерните одлуки на SpaceX да го ограничи пристапот до територијата што ја контролира Русија.

Основачот и најголем акционер на SpaceX, Илон Маск, одби да ги коментира извештаите и додаде дека информациите се доверливи, пренесува CNN.

На 27 февруари, Маск објави дека дозволил пристап до неговиот глобален сателитски комуникациски систем Starlink во Украина. Во март американските медиуми објавија дека украинската војска користи сателити Starlink за да ги нападне руските сили.

На 3 октомври, Маск рече дека дотогаш SpaceX потрошил околу 80 милиони долари за лансирање и одржување на Starlink во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Пентагон: САД не треба да ги користи…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…