ЕУ се закани: Србија ризикува да го изгуби безвизниот режим
Порака од ЕУ: Србија ризикува безвизен режим доколку не го намали протокот на мигранти
Србија го ризикува сопствениот безвизен режим со ЕУ доколку не го намали протокот на мигранти од трети земји кои патуваат без визи на нејзината територија, а потоа кон ЕУ, тврдат европски дипломатски извори пред состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург.
„Очекувам Србија и другите во регионот да соработуваат и да се усогласат со визната политика на ЕУ. Иницирањето на суспензија на безвизниот режим не е исклучено како опција, но се надевам пред се на добра соработка“, изјави во Луксембург еврокомесарката за внатрешни работи Јилва Јохансон.
Министрите за внатрешни работи денеска ќе разговараат за мерките за одговор на значителното зголемување на приливот на мигранти кои влегуваат во земјите на ЕУ преку Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…