Подољак: Ќе најдеме решение за функционирање на Старлинк
Михаило Подољак, советник на претседателот на Украина, изјави дека Киев ќе најде решение за да ја одржи функционална сателитската мрежа Старлинк.
Претходно денеска американскиот милијардер Илон Маск изјави дека неговата вселенска компанија „SpaceX“ не може на неодредено време да го финансира Старлинк во Украина.
– Да бидеме искрени. Сакале или не, Маск ни помогна да ги преживееме најкритичните моменти од војната. Компаниите имаат право на своја стратегија. Украина ќе најде начин да го одржи во функција Старлинк. Очекуваме американската компанија да обезбеди стабилна врска до крајот на преговорите, рече Подољак.
Мрежата Старлинк е дизајнирана да обезбеди пристап до Интернет преку голем број микросателити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопственикот на Алта банка Давор Мацура се…
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал во…
Малолетник натепан од мајка му и сестра…
Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…
Во октомври „Лајка“ заловила и третирала 173…
Во текот на октомври службите на „Лајка“…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во…
Возачите во Македонија треба навреме да ги…