Левица: ДПМНЕ ја одби иницијативата за обележување на службените возила со посебни лепенки
Од локалниот огранок на Левица во Охрид соопштија дека била одбиена нинвната иницијатива за обележување на службените возила на општината со посебни лепенки со цел тие да не се користат за лични потреби на функционерите.
– ДПМНЕ ЈА ОДБИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА
Впечатокот, а и сознанијата на Левица, се дека во единиците на локалната самоуправа не ретко службените возила се користат и за лични потреби, што претставува злоупотреба на општинските ресурси и ваквите „привилегии“ се класичен пример на корупција.
Со цел избегнување на ваквите неправилности, Левица неодмна предложи службените возила да бидат обележувани со лепенки.
За жал, ваквата иницијатива НЕ БЕШЕ ПРИФАТЕНА од страна на локалната власт на Општина Охрид.
По се изгледа дека носителите на јавни функции се менуваат, но лошите навики остануваат.
Но, Левица како партија останува категорично посветена на борбата за институции кои ќе бидат некорумпирани, праведни, одговорни, компетентни и блиски до народот.
#ЛевицаОдСоветите, напишаа од Левица на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…