Арсовска изврши увид во реконструкцијата на улицата “Бутелска”

t

Од Град Скопје информираат дека градоначалничката Данела Арсовска денеска изврши увид во реконструкцијата на улицата “Бутелска”.

– Целосна реконструкција на ул.„Бутелска“

Денес градоначалничката на Град Скопје изврши увид на завршната фаза од градежните работи за реконструкција на улицата „Бутелска“.

Град Скопје ја реконструира улицата Бутелска од вкрстувањето со ул. „Александар Урдаревски“ до приклучокот кон обиколницата. Реконструкцијата на коловозот е на површина од 7.687 квадратни метри и должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел. Целосно се реконструираат оштетените тротоари и автобуските постојки.

Во исто време се превземаа активности за подобрување на водоводната линија Ф400 со цел намалување на можности од дефекти на ново-асфалтираната улица во иднина поради дотраеност. За атмосферската канализација се изработува дел од крак DN 400 со цел да се развие нова општинска атмосферска линија.

Со реконструирање на улицата Бутелска се решава децениско барање на граѓаните во овој дел од општината, а воедно се олеснува функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег, велат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…