Левица алармира: Нова депонија расте во скопски Аеродром

t

Политичката партија Левица преку социјалните мрежи претпладнево ја алармираше јавноста за формирање на нелегална депонија на територијата на скопската општина Аеродром.

„Како партија делуваме во согласност со потребите на жителите и секогаш алармираме за проблемите кои ги мачат аеродромци. Еден таков проблем е и создавањето на нова депонија која се наоѓа во Ново Лисиче, на бул. ,АСНОМ (после ФФМ)“, стои во објавата на Левица Аеродром во која се апелира до градоначалникот Тимчо Муцунски и неговата администрација „да реагираат без пролонгирање, за да не се влоши новонастанатата ситуација.“

Одржувањето на јавната чистота и соодветното управување со отпад мора да се приоритет на секоја локална власт, велат од Левица и ги потсетуваат жителите на Аеродром дека советниците на Левица секогаш се достапни „за да ги артикулираат нивните барања – како и да помогнат во изнајдувањето решенија.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…