Германската разузнавачка служба: Путин не војува само против Украина
Германската разузнавачка служба (БНД) оцени дека рускиот претседател Владимир Путин во февруари не почнал војна само против Украина, туку дека „објавил војна“ и против западните демократии.
Војната што почна на 24 февруари е објава на војна против целиот демократски западен свет, а не само за украинска територија – изјави директорот на БНД, Бруно Кал во обраќање пред парламентарната Контролна комисија во Бундестагот.
Кал изјави дека поради тоа што и двете страни сакаат одлуката за војната да биде донесена на бојното поле, конфликтот би можел да потрае и до крајот на наредната година.
Кал истакна дека за БНД, нападот врз Украина не бил изненадување и дека, според Службата, Путин ќе продолжи да користи сила за да ги постигне своите политички цели.
Исто како во Чеченија, Грузија, Сирија и Крим и Донбас, Путин со сила се обидува да ги постигне своите политички цели во Украина – изјави Кал.
Тој го критикуваше игнорирањето на предупредувањата на Службата по однос руската надворешна политика.
Она што за нас е резултат на професионални разузнавачки активности, шокираше голем дел од јавноста, што пак е резултат на практиката во последните години да се игнорираат предупредувањата на БНД, а укажувањето на реалните закани да се нарекуваат креирање паника и солење памет – изјави шефот на БНД, организацијата одговорна за следење на странските активности што би можеле да го загрозат германскиот уставен поредок.
Пред Комисијата за контрола на разузнавањето на Бундестагот, Кал исто така ја окарактеризира Кина како опасност, нарекувајќи ја „автократија која се стреми да стане глобална сила“.
Парламентарната Комисија за надзор на безбедноста обично се состанува зад затворени врати, но еднаш годишно испрашувањето на началниците на федералните разузнавачки служби се спроведува јавно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…