Владини извори за Канал 5: Фирмите на Мицкоски не завршиле работата за набавка на гас
За два до три дена ќе се знае од каде и по која цена Владата ќе набави природен гас од први ноември, брифираат владини извори…
Информираат дека има две фирми кои доставиле сериозни понуди, без да откријат подетални информации.
Она што откриваат владини извори за Канал 5 е дека не станува збор за фирмите кои како контакт ги посочи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.
“Пегео” е името на швајцарската фирма со која министерот Бектеши преговараше во Белград, по препорака на Мицкоски, но конкретна понуда досега не доставиле, брифираат владини извори.
На состанокот во Белград, фирмата не понудила конкретни количини, ниту цена по која би го испорачала природниот гас. А се уште нема никаква понуда ниту од фирмата за набавка на мазут, исто по предлог на Мицкоски.
Извор: Канал 5
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…
Хрватска не сака прашањето за разграничување на…
Поради силен ветер: На неколку патни правци…
ЈП „Македонијапат“ вечерва информира дека поради силен…
Силен ветер со брзина над 80 километри…
Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен…
Трамп им се јави на европските лидери…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон…
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…