Левица: Според ЕУ, СДСМ и ДУИ се антиевропски – Удоволувањето на Бугарија не може да го сокрие тапкањето во место на патот кон ЕУ

t

Скапите прошетки на Османи и Маричиќ и удоволувањето на Бугарија не можат да го сокријат тапкањето во место на Македонија на патот кон ЕУ, реагираат од “Левица”.

– ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЈА ПОТВРДИ АНТИЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА НА ДУИ И СДСМ

Скапите дипломатски прошетки на Османи и Маричиќ, удоволувањето на бугарските барања и обидите за спроведување на замајувачка пропаганда не можат да го сокријат тапкањето во место по интеграциониот пат на Македонија кон ЕУ. Ова го потврди годишниот извештај на Европската комисија (ЕК) за 2022 година.

Политичките критериуми се во идентична позиција како претходно. ЕК посочува на нужност од измени во изборната легислатива, проблем за кој Левица бара решение години наназад;

Партизираната и приватна јавна администрација која години наназад се пумпа со партиски кадри е оценета идентично како претходните години речиси без никаков напредок.

За судскиот систем кој ЕК континуирано го оценува како застарен и нереформиран, повторно се укажува на политичкото влијание кое го вршат владејачките елити во што се крие основата за непостоењето на правна држава;

Белешките за борбата против корупцијата и организираниот криминал се речиси идентични на оние како од претходните години, со што е нотирано дека координацијата помеѓу институциите должни да се спротиствават на организираниот криминал и корупцијата е на ниво под нулата. Оценката на ЕК потврдува отсуство на било каков напредок.

Најлоша оценка за својата работа доби Собранието кое според ЕК се движи во лоша насока, се злоупотребува европското знаменце и не се свикуваат пратенички прашања, проблеми за кои Левица веќе поднесе кривични пријави до Спикерот Талат Џафери.

Во здравството ситуацијата е влошена, здравствената инфраструктура не е напредната воопшто, подобрување на условите за работа на здравствените работници не постои, а продолжува да важи забелешката дека одливот на здравствени работници дополнително ќе ја отежне секоја идна реформа.

Од извештајот на ЕУ кон која се стремиме и чиишто вредности се трудиме да ги прифатиме, суштински разбираме дека единствен напредок на оваа Влада е постигнат само во насока на обезличување на македонската нација и потчинување на државата кон странските шовинизми, потврдувајќи дека Владата на СДСМ и ДУИ не само што не води развојна политика, туку напротив, води кон враќање наназад во повеќе области, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…