Петровска соопшти: Македонија ѝ донираше на Словенија музејски експонат од Втората светска војна
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на Фејсбук соопшти дека Македонија ѝ донираше на Словенија музејски експонат од Втората светска војна.
Се работи за ермански против-воздушен топ „Флак 38″, појасни Петровска.
– Во Паркот на воената историја Пивка во извршивме примопредавање на донација од музејски експонат, германски против-воздушен топ „Флак 38“ од Втората светска војна.
Музеите нè потсетуваат на настаните од минатото кои треба да ни бидат и патоказ како да ја градиме иднината – наместо со оружје, тоа да го правиме со дипломатија, со дијалог и со меѓусебно почитување, напиша Петровска на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филмска потера во Словенија: Ранил полицаец и…
Дваесет и едногодишниот осомничен бил фатен во…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Словенија ја укинува деветолетката по лошите резултати…
Словенија целосно ќе го реформира образовниот систем…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…