Димитров емотивен: Нашата Македонија не оди во добар правец

t

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров смета дека има потреба од нова сила на македонската политичка сцена.

-Не е нужно да биде политичка. Јас би поддржал директно или индиректно. Во овие месеци работам пред сѐ во убедување на ЕУ да биде посериозна и потемелна кон целиот регион и малку се обидувам да се поправи кашата во која што сме. Мислам дека има потреба од нова сила и мислам дека нашата Македонија не оди во добар правец, вели Димитров.

Според него, има голема потреба во македонското општесто за една општествена сила – „антипартија“.

-Големите партии се премногу базирани на клиентела или партии-дуќани. Тоа се група луѓе врзани за да се вработува и да се прават такви услуги со некакви лични и финансиски интереси. Партизацијата е толку длабока влезена во нашиот систем . Нас ќе ни треба сила што ќе ги турне таму каде што им е местото за политики. Не може да зависи учител од тоа дали има партиска поддршка од градоначалник, додава Димитров во емисијата „Само вистина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…