Павле Трајанов: 25 години сум работел на изградба на државата – Сум извршувал сложени функции

t

Јас не сакам во отсуство на премиерот да одам со некакви лични квалификации или кофронтации. Јас можам да кажам дека 25 години сум работел на изградба на државата. Еден сум од носителите на формирањето на македонската држава затоа што раководев со вооружена формација од 1991 година па наваму. Да имаме свои чувари на границата – тоа го правеше полицијата. Околу одземање на воената евиденција, со што спречив илјадници млади македонски регрути да заминат на фронтовите во Хрватска, вели пратеникот и лидер на Демократски сојуз (ДС), Павле Трајанов во емисијата „Само вистина“.

Тој додава дека „не било неговото дејствување само по кабинети“.

-Сите што беа против референдумот во 1991 година, истрчаа да се сликаат на плоштадот, а ние што најтешките задачи ги завршивме, бевме во позадина. Сум извршувал исклучително сложени функции. Вие да се спротивставите во тоа време на ЈНА, треба сепак да поседувате голема храброст, кажа Трајанов.

Премиерот Димитар Ковачевски во петокот во дебатна емисија кажа дека за разлика од Павле Трајанов, неговата кариера не ја градел по кабинети, и не доаѓа од таква средина.

-Јас својата професионална кариера 22 години сум ја градел во приватниот сектор. Во текот на својата кариера сум работел во мултинационални компании каде во тим сме работеле луѓе од Германија, Австрија, Чешка и Аргентина сум имал колеги, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…

Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…

Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…

Помалите парламентарни партии кои се дел од…

Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…

Заедно со другите помали партии одамна бараме…