Додека нас не’ блокираат, тие ќе не’ престигнат: Косово ќе аплицира за членство во ЕУ
Косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими, на денешната средба со амбасадорот на Франција во земјата, Оливие Гуеро, најави дека Косово годинава ќе аплицира за членство во Европската унија, со цел да се стекне со статусот на земја кандидат.
Според соопштението од владината служба за информирање, Бислими на средбата со францускиот дипломат изјавил дека „оваа година е многу значајна за Косово кога е во прашање неговата европска агенда”.
-Косово е во шестата година од спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и е единствената земја од Западен Балкан која сé уште не аплицирала, така што сега е вистинскиот момент да се преземе еден таков чекор, рекол Бислими.
На средбата, се вели во соопштението, станало збор и за добрососедските односи во регионот и за дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…