Франција треба да плати 20 милиони евра казни за лош квалитет на воздухот

t

Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА.

Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на азот диоксид беа надминати во Париз, Лион и Марсеј.

Државата е осудена да исплати 20 милиони евра како казна кон еколошки организации. Државниот совет веќе ја казни Франција со 10 милиони евра во 2021 година кога еколошките организации се пожалија на државата за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, повикувајќи се на европските правила за квалитет на воздухот.

Следната година судот повторно ќе го оценува квалитетот на воздухот во Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка ќе одговара за „одземање на дете“,…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37)…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…

ЦЕЛ ОСТРОВ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА: Целосен колапс…

Шпанскиот остров Ла Палма, во Канарскиот архипелаг,…

Костовски: Крај на узурпацијата на јавниот простор,…

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, порача…

САЈБЕРНАПАД ВО ШВЕДСКА: ХАКЕРИ ГИ ПРЕГРЕАЛЕ ФРИЖИДЕРИТЕ…

Сајбернапад врз системите за ладење и замрзнување…