Бренд концепти(11.) Брејтлинг – култен бренд, носител на животен стил
Извонредно оригинален, посебен и еден и единствен часовник – тоа е брејтлинг.
Инаку, кога малиот и без малку непознат производител на часовници во Швајцарија, Брејтлинг, стана бренд, тоа најпрвин се случи во менталната димензија. Како таков, тој е традиционално специјализиран часовник за воздухопловците. Зошто? Затоа што е исклучителна машина толку совршена како најсовршената авионска конструкција. Згора на тоа има и силен, единствен и типичен дизајн.
Фина машина која има моќ, а зрачи со елеганција. Воздухопловците го препознаа како свој. Луѓето го купуваат брејтлинг и сакаат да се чувствуваат посебни. Брендот денес, како познат и успешен, веќе ја развива својата моќ и на општествената димензија. Во одредени кругови стана култен бренд и зазема место на еден од најважните носители на посебен животен стил. И сега како таков, кој е Брејтлинг?
Овој бренд е распространет насекаде во светот. Го одликува голема посветеност на извонредните перформанси и успешно освојување нови видици. Легенда која ги сподели најдобрите моменти во историјата на авијацијата со пилотите кои го носеа брејтлинг и го читаа на нивните инструментални табли. Тоа е страст за технологија и фино механичко инженерство.
Стилска машина на голема сила и постојан карактер.
Брејтлинг се исто така многубројните инструменти за професионалци развиени за вселенско мерење, каде сигурноста на мерните инструменти е од витално значење. Метафорично кажано, Брејтлинг е ескадрила на сигурни и моќни “мотори“, хронометри, сертифицирани од ЦОСЦ (Овластена меѓународна организација за сертифицирање на врвните часовници), што е потврда за последниот и најсигурен знак за прецизност.
И не само тоа: Брејтлинг е поим за извонредност и исклучителност. Затоа Брејтлинг и само Брејтлинг. Значи, тоа е часовник со врвни перформанси и апсолутна прецизност. Посебен и јак дизајн, во кој видовме, идеално се соединуваат силата и елеганцијата, бренд воден со единствена страст и опсесија: преку решеност и оддаденост на производство на ултрапрецизни инструменти кои ги исполнуваат барањата на најпребирливите професионалци.
Оригинално осмислен со многу имагинација. Со единствен спој на рафинирана естетика и сигурна
изработка брејтлинг го дефинира времето на начин што е врска со минатото и симбол на иднината. Секој детал е грижливо потврден, во желба да се постигне совршенство. Изработка која обезбедува максимална цврстина и функционалност. Хронографите на Брејтлинг се во согласност со највисоките критериуми за прецизност, квалитет и функционалност, а сите механизми се подведени на ригорозни тестирања, бидејќи никој случајно не станува официјален часовник на авијатичарите. Луѓето го купуваат и носат брејтлинг поради чувството на посебност што тој им го дава.
Брејтлинг, култен бренд, носител на животен стил.
Часовник рar еxcellence.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…