Трагедија: Бебе старо три недели почина на детска клиника, обдукцијата ќе ги покаже причините

t

На детската клиника почина бебенце родено пред околу три недели.

Дали починало од сепса предизвикана од бактерија треба да покажат земените брисеви и обдукцијата, а од Детската клиника за Канал 5 велат дека бебето заедно со неговата сестра близначка било пренесено од приватна болница, во стабилна, но ризична состојба бидејќи и двете биле пред време родени. Д-р Николина Здравеска кој го водела случајот тврди дека сите протоколи за време на третманот биле почитувани, а извештаите од земените брисеви треба да покажат дали бебето имало бактерија.

Влушувањето се случило за време на неделното дежурство, кога бебето помодрело, појаснуваат од Клиниката. Од таму тврдат дека лекарите направиле се за да го спасат, но кај дете родено пред време со тежина еден килограм и 300 грама ризикот е голем.

Во меѓувреме од Центарот за јавно здравје за Канал 5 потврдуваат дека ниту од приватната болница кадете детето било родено и првично згрижено, ниту од Детската клиника каде што починало, досега нема пријавено интрахоспитални инфекции.

Иако за овој случај имаше тврдења за можна лекарска негрижа и на социјалните мрежи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат засега не постапува. Досега никој не напишал претставка за овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Москва ја прозва Холандија по нападот врз…

Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…

Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…

Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…

Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…

Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…