Kooрдинирано дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ против Арсовска: Курто и Мурто обединети кога станува збор за кеш

t

Откако секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров на прес-конференција откри дека Владата на Димитар Ковачевски и неколку општини со кои раководат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ му должат милиони евра на ЈСП на изненадување на целата јавност Град Скопје наидува на координирано делување помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на штета на скопјани.

-Имено на ЈСП му се должат 120 милиони денари односно 2 милиони евра од Министерството за образование, средства кои се за исплата на тековните обврски а дополнително се загрозува функционирањето на превозот за ученици бидејќи Владата нема одлука за превоз на учениците при што во услови на криза го доведува во прашање превозот на учениците во градот. Дополнително општините не ги подмируваат редовно своите обврски и до овој момент има над 40 милиони неплатени обврски, истакна Глигоров.

За нормално функционирање на претпријатието Глигоров истакна дека мора да се исполнат обврските кон претпријатието.

-Вработените на ЈСП Скопје заслужуваат редовна плата, а едновремено скопјани потребно е да им се обезбеди квалитетен јавен превоз. За тоа да функционира во услови на криза неопходно е секој да ги исполнува своите обврски, без која реализација претпријатието не може да функционира, додаде тој.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска предупреди дека ќе организира протест, односни дека автобусите ќе ги стави пред сите институции во Скопје да стојат и да блокираат сообраќај, се додека државата не го плати долгот кој го има кон ЈСП. Според Арсовска, државата треба да ги исплати долгот пред се од човечки аспект. Пред новинарите кажа дека нема начин како присилно да наплати долг.

-Проблемот е во сите оние во оваа држава кои не си ги почитуваат обврските. Да, јавниот автобуски превоз ќе биде бесплатен како што беше најавено во програмата „За модерно Скопје“, тоа опфаќа целосно бесплатен јавен превоз во првите две години од почнувањето на мандатот, што значи во втората половина на следната година, бесплатен јавен превоз ќе има. Меѓутоа, со опструирање на сите институции во државата кои 30 години ја изедоа оваа држава, ние не можеме да градиме поквалитетен град, ниту поквалитетна држава. Секој треба да ја сноси својата одговорност и обврска. Тоа значи дека ако некој должи над 2 милиони евра, не треба да прашува како ќе има бесплатен јавен превоз туку треба да ги плати своите обврски. Истото се однесува за централната, но и единиците на локалната власт кои не си ги подмируваат своите обврски. Наша задача е да дадеме за граѓаните на Град Скопје сето она што сме го ветиле меѓутоа има многу фактори и сите ќе ја сносат својата одговорност доколку го саботираат процесот – кажа Арсовска.

По апелот на Арсовска и на Глигоров, власта и скопските општини да се раздолжат со ЈСП со што ќе се одглави претпријатието „опозициската“ ВМРО-ДПМНЕ наместо да побара исплата на обврските од Владата побара вонредна седница на Советот на Град Скопје на која ќе се алоцираат дополнителни средства од буџетот на Град Скопје за ЈСП.

Со ваквото делување советниците на Мицкоски дефакто ја потпомагаат Владата на Ковачевски и им наштетуваат на скопјани чии средства се заробени во Владата.

Поради недомаќинското работење на претходните раководства на градот и претпријатието, истото е затрупано во долгови, а повеќе од 2,4 милиони евра му должат Владата и општините од Скопје со што дефакто придонесуваат претпријатието да не може да продолжи со нормалниот тек на работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…